Сазан Хендрикс цел живот копнеела да стане телевизиско лице, но заради сплет на околности, навлегла длабоко во блогерските води и сега е дигитална „инфлуенсерка“ која заработува мошне солидно благодарение на големата база на следбеници.
Привлечната блогерка секојдневно ги споделува своите стилски авантури, но и снима туторијали за разубавување.
Лежерниот стил на Сазан, кој секогаш е во тек со најновите трендови, го има освоено вниманието на стотици илјади нејзини фанови.
Фотографиите што ги исполнуваат профилите на Сазан на социјалните мрежи и нејзиниот блог, се дело на нејзиниот сопруг Стив, кој често застанува и пред објективот.