Креациите на Чарбел Зое сè почесто и почесто заземаат простор во плакарите на славните личности, па затоа неретко се случува исто модно парче од неговото ателје да биде носено од две ѕвезди.
Парис Хилтон и Талија, кај нас позната по улогата на Росалинда, избраа идентичен црвен фустан од талентираниот дизајнер.
На која ѝ стои подобро?
Хилтон ја носеше впечатливата креација за синоќешното доделување на музичките награди на iHeartRadio. На црвениот тепих, Парис позираше со вереникот Крис Зилка.
Талија се појави во краткиот фустан со срциња за премиерата на „15: A Quinceanera Story“. Својот стилски избор таа го надополни со чантичка од Џудит Либер и сандали од сопствената колекција.
Талија беше придружувана од својот сопруг Томи Мотола, со кого е во брак 17 години.