Џиџи и Бела Хадид стана омилено дуо на познатите дизајнери и модните куќи.
Славните сестри дефилираа заедно на речиси секоја популарна ревија на модните недели кои во изминатиот период се одржуваа во Њујорк, Лондон, Милано, а сега и во Париз.
На два различни модни настани, двете манекенки носеа идентична креација.
На забава во Париз, Џиџи се појави во истиот фустан од Брендон Максвел кој сестра ѝ Бела го носеше на ревијата на американскиот дизајнер во Њујорк, каде беше презентирана колекцијата пролет/лето 2018.