Секој ден, нови дизајнерски модни парчиња се раѓаат во ателјеата на врвните брендови, а сепак, постои веројатност истата креација да биде носена од две ѕвезди на истиот црвен тепих.
Токму тоа се случи на доделувањето на CMA Awards во Нешвил. Келси Балерини и Мекензи Портер носеа идентичен фустан од Balenciaga, кој претходно беше носен и од Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша.
Станува збор за свечен син фустан со разголен грб од колекцијата есен/зима 2022 на модната куќа основана во Париз.