Каролина Гочева моментално ужива на Миконос заедно со својот вереник Михаил Корубин. 37-годишната пејачка сподели фотографија од одморот на грчкиот остров на која позира во зелено кратко фустанче од Realisation.
Оваа недела, холивудската ѕведа Ајла Фишер го направи истиот стилски избор, појавувајќи се во шоуто „Good Morning Britain“ во зелениот фустан. Актерката од „Nocturnal Animals“ во својот стајлинг додаде и црвени салонки.
Манекенката на Victoria’s Secret Марта Хант неодамна беше фотографирана во Њујорк облечена во идентичната креација од познатиот бренд.
Модна, музичка или филмска ѕвезда, на која ѝ стои најдобро фустанот кој чини 225 долари?