Меланија Трамп и Синди Крафорд недискутабилно се дами со стил, а понекогаш тие имаат исти преференции при изборот на облека.
46-годишната прва дама на САД и 51-годишниот супермодел избраа идентичен фустан од Мајкл Корс за две различни пригоди.
На која дама ѝ стои подобро?
Меланија ја носеше сината креација за средбата со панамскиот претседател Хуан Карлос Варела и неговата сопруга Лорена. Својот стилски избор, таа го надополни со цветни обувки од Кристијан Лобутин.
Креацијата која чини 1.695 долари, беше во фокусот на стајлингот на Крафорд за настан во Венеција организиран од компанијата San Benedetto.