Меган Фокс неодамна присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „Good Mourning“ во Лос Анџелес.
За оваа пригода, 36-годишната актерка избра блескав розов фустан со шлиц од брендот Philosophy di Lorenzo Serafini. Во својот стајлинг таа додаде сандали на многу високи потпетици.
Истата креација ја носеше Жозефин Скривер на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал пред три години. Поранешниот ангел на Victoria’s Secret модниот избор го надополни со нежен накит и бежови сандали.
Polls