Софија Вергара ја промовира својата колекција диоптриски очила и очила за сонце.
48-годишната актерка соработуваше со брендот Foster Grant за креирање на модерна колекција.
Говорејќи за дизајнирањето на диоптриски очила, таа вели: „Кога наполнив 40, 41, 42 години, започнав да го губам видот. Тоа е нормално на мојата возраст. Одбивав да носам очила, зашто се чувствував стара. Си велев дека не ми се потребни.“
Вергара сподели дека син ѝ ја поттикнал да носи очила, затоа што ѝ укажал дека е подобро да носи очила одошто да подзамижува додека гледа и да го држи мобилниот телефон сè подалеку. Па, таа се впуштила во авантурата да дизајнира привлечни очила во кои нема да се чувствува „како баба“.
Покрај очила со диоптер, Софија создаде и модерни очила за сонце, кои поради коронавирусот, ги промовира и со фотографии направени во нејзиниот двор.