Синди Крафорд се вбројува во најпрепознатливите лица на светот и е меѓу „оригиналните супермодели“ кои освојуваа во 90-тите години. Во долгогодишната кариера, таа има снимено илјадници фотосесии, но сè уште нејзината страст кон професијата не згаснува.
55-годишната модна ѕвезда владее на страниците на мајското издание на бразилскиот „Вог“.
За црно-белиот едиторијал, Крафорд позираше пред фотографското дуо Луиџи + Јанго, а фотографиите наидоа на многу позитивни реакции.
Многу фанови со одушевување го коментираат нејзиниот изглед, особено поради фактот што таа е на средината на шестата деценија од животот.
Додека Синди продолжува да остава трага во модниот свет, напоредно со неа, сопствена патека прави и нејзината ќерка Каја Гербер, која непрекинато привлекува ангажмани.