На Селена Гомез ѝ се достапни креации од врвните ателјеа, но младата актерка и пејачка покажа дека ги цени и „high street“ брендовите.
За свадбата на Бритни Спирс, 29-годишната ѕвезда избра комплет во мастилесто-сина нијанса од Zara.
Сините панталони чинат 2.690 денари, корсетот е 1.990 денари додека цената на сакото со дворедно закопчување е 4.990 денари.
Гомез беше дел од малиот круг славни личности, меѓу кои Мадона, Парис Хилтон, Дру Баримор и Донатела Версаче, кои беа поканети на свадбата на Бритни со Сем Асгари.