Снежната покривка и ниските температури кои клонат кон нулата ни најавуваат дека започнува студениот период во кој обожаваме да поминуваме време во топла домашна атмосфера. А во тие моменти, најсилен сојузник за засилување на удобноста е women’secret.
Популарниот шпански бренд нуди сè што ни е неопходно за да изгледаме и да се чувствуваме неодоливо додека се излежуваме, читаме книга, гледаме серија или филм, или пак, заведуваме во спалната соба.
Пижами, ноќници и наметки од материјали кои ја галат кожата, романтична долна облека од деликатна тантела, меки папучи кои ги прегрнуваат стапалата... дефинитивно секој може да си најде омилени парчиња во најновата понуда.
За слатки соништа
Мисијата на women’secret е да ја зголемува женската самодоверба, но и да креира парчиња кои го носат телото до состојба на максимална релаксација. Па, не е важно дали копнеете да сонувате во пижами или ноќница, бидејќи што и да изберете, нема да сакате да го соблечете од себе.
Сензуална фантазија
За моментите кога страста виори во воздухот, women’secret ја акцентира женската сензуалност преку романтична тантела.
Разбудете го детето во себе
Безвременски животен совет е никогаш да не го заспивате детето во себе. Покажете го вашиот весел дух со пижами, чорапи, несесери или папучи со принт со Снупи, најверниот другар на Чарли Браун, или пак, со Мики Маус.
Многу повеќе парчиња од women’secret ќе пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.