Го обожавате магичниот свет на Хари Потер? Мегапопуларната сага на Џ. К. Роулинг, која забавува милиони мали и големи фанови, стана инспирација за новата колекција на women’secret.
Ноќници, наметки, пижами со кратки и долги ракави, папучи, ранци и несесери со симболи и дезени кои недвосмислено асоцираат на авантуристичкиот живот на Хари Потер ја сочинуваат колекцијата наменета за миговите кога сакате да се релаксирате во удобноста на вашиот дом.
Емблемот на куќата Грифиндор, писмата од Хогвортс, препознатливите кружни очила на главниот лик, па и магии како „Alohomora“ се меѓу волшебните детали застапени низ колекцијата.
Засилете ги магијата и комфорот во вашиот живот со модели во кои максимално ќе уживате, а оваа колекција може да биде и совршен подарок за страсните фанови на Хари Потер и неговата дружина:
Целата колекција е достапна на онлајн продавницата на Fashion Group.