Новата колекција на Тони Вард ќе ги освои романтичарките кои целат кон префинет елегантен изглед.
„Оваа сезона Тони Вард нè кани во нова димензија, во свет исполнет со соништа, магија и фантазија. Жената која си ја замислува е митска кралица, романтична, но и мистериозна и недопирлива“ – пишува во описот на колекцијата за сезоната пролет/лето 2017.
При изработката на креациите биле користени префинети ткаенини како чипка, бродиран тул, свила и органза.