Тони Вард си поигра со ведри, пастелни и силни нијанси и различни силуети при создавањето на новата колекција.
Модниот дизајнер со потекло од Либан со фотосесија ги презентираше креациите за сезоната пролет/лето 2022, како дел од Париската недела на модата.
Женственост и гламур зрачат од фустаните кои инстантно привлекуваат погледи.