Минатата година принцезата Шарлин ја пропушти церемонијата за Националниот ден на Монако поради здравствени проблеми, но оваа година блесна во беспрекорно издание.
44-годишната припадничка на кралското семејство на Монако се појави на балконот на палатата заедно со принцот Алберт II и нивните близнаци Габриела и Жак. Поранешната олимписка пливачка носеше снежнобел палто-фустан од швајцарската модна куќа Akris и шешир од Стивен Џонс.
Шарлин сподели фотографија од 7-годишните близнаци и напиша: „Среќен Национален ден“.
Вечерта, за гала во Монте Карло организирана за Националниот ден на земјата, Шарлин привлекуваше погледи во креација од Теренс Бреј.