Принцезата Кетрин пристигна на Вимблдон за да го поддржи својот пријател Роџер Федерер на специјална церемонија.
41-годишната припадничка на британското кралско семејство изгледаше елегантно во модна комбинација која вклучуваше бело плисирано здолниште, блејзер од Balmain кој чини 2 илјади долари, салонки од Gianvito Rossi и чантичка од Mulberry.
Дождот не влијаеше негативно на одличното расположение на принцезата од Велс.