Синоќа, во Бакингемската палата се одржа банкет во чест на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. Ова е прва посета на Велика Британија од претседател на држава откако тронот го презеде кралот Чарлс III.
На свечената вечера, принцезата Кетрин блесна во беспрекорно издание.
Креацијата доаѓа од невестинска колекција на дизајнерката Џени Пекам.