Зухаир Мурад се впушти во авантура на неочекувана територија за создавањето на новите модни дела. Славниот либански дизајнер ја презентираше колекцијата pre-fall 2023, инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“ и од колоритниот свет богат со принтови на дизајнерката за внатрешен ентериер Дороти Дрејпер.
Раскошна палета на бои и симболите на карти за играње се протегаат низ креациите „кои ја мамат Алиса да влезе и да ја открие земјата на чудата“. Откријте ја и вие – преку фотографиите придружете му се на 51-годишниот Либанец во неговото магично модно патување: