Шведскиот моден гигант H&M ги објави првите фотографии од кампањата со Кети Пери. Веселите фотографии се дел од модната кампања за претстојните новогодишни и божиќни празници.
Колекцијата е микс од празничен гламур, стил и забава.
„H&M беше едно од местата каде започнав да го култивирам мојот личен стил. Во текот на годините продолжив да сакам да интегрирам парчиња од H&M во мојата гардероба. Една од причините поради кои ги сакам празниците е што имаш можност да се облекуваш топло и слатко“ – се вели во изјавата на Пери.
„Пресреќни сме што Кети Пери ќе биде ѕвезда во нашата кампања за оваа празнична сезона. Сакаме сè поврзано со Кети, од нејзиниот неверојатен талент и енергијата до нејзиното разиграно чувство за личен стил“ – изјави Пернила Волфарт, која раководи со одделот за дизајн во H&M.