Празничната кампања на H&M вклучува забавно видео кое го доловува веселиот дух на новогодишните и божиќните празници.
Како заштитно лице на H&M, Кети Пери не само што ја има главната улога во видеото, туку и напиша специјална песна за него насловена „Every Day Is A Holiday“.
Видео
„H&M беше едно од местата каде започнав да го култивирам мојот личен стил. Во текот на годините продолжив да сакам да интегрирам парчиња од H&M во мојата гардероба. Една од причините поради кои ги сакам празниците е што имаш можност да се облекуваш топло и слатко“ – изјави Пери по повод модната соработка.
Во рекламниот спот, популарната пејачка носи облека од актуелната колекција на шведскиот бренд.