Меланија Трамп заедно со Доналд и Барон викендот го поминаа во „Камп Дејвид“, рустичното одморалиште во кое традиционално се релаксирале сите претседатели на САД во изминативе седум децении.
За пристигнувањето во Белата куќа, 47-годишната прва дама избра лежерен стајлинг во розова боја, кој вклучуваше тесни фармерки и кошула од брендот J. Crew. Во својот стилски избор Меланија вклучи и балетанки со потпис на славниот дизајнер Маноло Бланик.
Семејството замина на дводневен одмор изминатиов петок. За време на заминувањето, Меланија беше фотографирана на тревникот на Белата куќа во зелен фустан од Missoni и портокалови салонки од Маноло Бланик.