Војвотката Кетрин и принцот Вилијам со големи насмевки го дочекаа почетокот на празничниот концерт „Заедно на Божиќ“.
Кралскиот пар со позитивно расположение ја разубавуваше атмосферата на божиќниот настан во Вестминистерската опатија каде се венча пред 10 години.
39-годишната војвотка од Кембриџ носеше црвено палто од нејзиниот омилен бренд Кетрин Вокер и црвени салонки.
Музичкиот настан беше посветен на индивидуи и организации кои ги поддржувале нивните заедници за време на пандемијата со КОВИД-19.