Кралицата Летиција многу често носи облека од „high street" брендови и докажува дека не се неопходни многу пари за да се постигне префинет изглед.
За состанок во Мадрид, 49-годишната шпанска кралица избра црно-бел фустан од Mango кој чини само 60 евра.
На настанот, Летиција се сретна со жена која го носеше потполно истиот фустан. Иако ова може да биде кошмар за многу жени, сопругата на шпанскиот крал го прифати со широка насмевка и позитивна реакција.
Станува збор за лауреатката Инмакулада Вивас Тесон, на која Летиција ѝ врачи награда.
И двете го искомбинираа фустанот со црни салонки.