Дури и кога патува, Моника Белучи не го занемарува својот изглед. Убавата Италијанка и на 52 години изгледа неверојатно шик, а тоа го докажуваат папараци фотографиите направени на меѓународниот аеродром во Токио.
Привлечната актерка беше „уловена“ кога пристигнуваше во јапонскиот главен град. На дел од фотографиите, шармантната Белучи им се смешка на обожавателите, им дели автограми и се фотографира со нив.