Принцот Вилијам и војвотката Кетрин ги придружуваа принцот Чарлс и војвотката Камила на свечена церемонија во Вестминистерската катедрала по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот.
Кралицата Елизабета не беше во можност да присуствува на свеченоста во Лондон. Иако Кралицата неодамна беше позитивна на КОВИД-19, извори од палатата откриваат дека причината за отсуството не е болест.
40-годишната Војвотка изгледаше отмено во комбинација во кралска сина нијанса која вклучуваше палто од Кетрин Вокер и накит со сафири кој одлично си одговара со нејзиниот свршенички прстен кој претходно ѝ припаѓаше на принцезата Дијана.