„Многу размислував за враќањето во живот“ – вели Ели Сааб за креирањето на концептот за најновата колекција.
Фузирајќи елеганција, флуидност, деликатни везови и декорации, либанскиот дизајнер создаде модели кои привлекуваат со молскавична брзина.
Видео
Колекцијата ресорт 2022 обединува разнородни визии, па таа вклучува и гламурозни фустани за екстравагантни свечености, но и креации кои би биле фантастично надополнување на деловна гардероба.