Омаја Зејн негува елегантен и женствен стил со една константа – хиџаб.
Популарната блогерка со палестинско и венецуелско потекло на 20-годишна возраст одлучила редовно да носи хиџаб и многу успешно го вклопува во својот стил.
Како една од најпознатите и највлијателните муслимански блогери со речиси половина милион следбеници на Instagram, 28-годишната девојка редовно споделува туторијали за различни начини на носење на хиџаб и турбан.