Денис Басо ги освои срцата на своите клиентки со уште една фантастична колекција.
63-годишниот дизајнер креираше за дами кои не се плашат да застанат во центарот на вниманието, а и за оние кои копнеат да изгледаат женствено и префинето.
Басо изјавил дека инспирацијата зад колекцијата се крие во гламурозната модерна сирена. „Денес, модерната сирена носи прекрасно крзно над искинати фармерки и маичка. Тоа е сосема поинаков свет, поинакво толкување“ – вели тој за колекцијата.
Заталкајте во модниот свет на Басо преку неговата колекција pre-fall 2018.