Париската недела на модата завршува. Француската метропола беше последната дестинација за толпата вљубеници во модата која претходно патуваше и во Њујорк, Лондон и Милано.
На париските улици владееше лежерност и француски шик. Погледнете како изгледаа гостинките кои ги привлекоа објективите на уличните фотографи.