Зухаир Мурад погледна во грчката историја за да ја дефинира тематиката на колекцијата пролет/лето 2018, која беше покажана во рамките на Париската недела на модата.
„Не сум футуристичка личност, сакам да се враќам во минатото“ - изјавил либанскиот дизајнер за време на презентацијата.
Од една страна, Мурад се инспирирал од моќниот изглед на храбри, воинствени принцези, а од друга, од нежноста и сензуалноста на божици и нимфи. Голем дел од креациите го мамат окото со мотиви од подводниот свет.