Балот МЕТ е како ниеден друг настан во светот на модата. Провокативни стилови, специјално изработени креации и детали кои го заробуваат погледот доминираат секоја година на престижната манифестација.
Музејот на уметноста „Метрополитен“ беше домаќин на уште едно издание на популарната гала, која оваа година му оддаде почит на легендрниот Карл Лагерфелд.
На шарениот тепих пристигнаа бројни славни личности со детално осмислени стајлинзи кои привлекуваа низа погледи, а дел од нив вклучија OMEGA часовници во својот изглед.
Никол Кидман
Како бренд амбасадор на OMEGA, Никол Кидман ја надополни својата гламурозна тоалета со винтиџ часовникот OMEGA Sapphette од 1955 година, кој е изработен со 18-каратно бело злато и украсен со осум тркалезни дијаманти.
Еди Редмејн
Еди Редмејн направи софистициран избор и во својот изглед вклучи OMEGA Aqua Terra Shades модел изработен од не’рѓосувачки челик.
Ке Хуј Кван
Ке Хуј Кван, кој беше еден од најистакнатите актери во овогодишната сезона на награди и се закити со Оскар, го избра часовникот OMEGA Speedmaster ’57.
Џонатан Бејли
Џонатан Бејли, кој е најпознат по улогата во серијата „Bridgerton“, на балот МЕТ се појави во елегантно одело со кадифено сако, кое го искомбинира со часовникот OMEGA De Ville Prestige.
Часовниците OMEGA можете да ги пронајдете во продажните места на Божиновски часовници и накит: https://bozinovski.com.mk/brand/omega/