Адријана Лима е ѕвездата од најновото издание на рускиот Numero, насловено „Women Empowerment“.
38-годишната Бразилка позираше во креации од повеќе светски брендови како Фенди, Баленсијага и Волфорд, а во интервјуто зборуваше за зајакнувањето на жените.
„Постојано се чувствувам посилна и инспирирана од жените околу мене, особено од моите две ќерки кои прават да сакам да се подобрувам секој ден... Со векови на жените им било кажувано како да изгледаат, што да носат, како да се однесуваат, кога треба да се мажат и да имаат деца и многу повеќе од тоа. Ми се допаѓа што жените се ослободуваат од рамките кои биле креирани за нив и создаваат свои правила и временски линии по кои се движат“ – вели таа.
За мајчинството, Лима коментира: „Мајчинството е најважната работа за мене. Чувствувам огромна одговорност да бидам добар пример.“
На прашањето за улогата на мажите во свет во кој феминизмот станува сè поизразен, таа одговара: „Верувам дека мажжите и жените треба да се поддржуваат едни со други. Не треба да биде еднострано. Како човечки суштества, треба да се почитуваме и да се грижиме едни за други со цел да коегзистираме и да го правиме светот подобро место за идните генерации.“
Лима ја гледа женската убавина во самодовербата. „Нема ништо поубаво од жена која има самодоверба и е способна да му ги покаже на светот своите квалитети“ – додава таа.