Зухаир Мурад заталка низ волшебни светови за да ги израдува идните невести. За новата колекција венчаници, славниот либански дизајнер се инспирираше од самовилите во митските приказни.
„За есенската невестинска колекција, Зухаир Мурад се предаде на магијата на митот, каде самовилите продираат во фантастичен свет. Нивната прашина ја маѓепсува колекцијата во која избледува линијата помеѓу имагинацијата и реалноста“ – пишуваат од брендот.