Почетна » Новости » Мода » Најпопуларниот модел со облини со „папараци“ фотографии без Фотошоп претстави колекција костими за капење

Најпопуларниот модел со облини со „папараци“ фотографии без Фотошоп претстави колекција костими за капење

Ешли Грем се гордее со своето тело и секогаш потенцира дека целулитот и стриите не треба да ни ја намалуваат самодовербата. Со позитивниот став за телото таа придоби милиони фанови и си отвори многу врати во модната индустрија.

Кампањата за нејзината најнова колекција костими за капење вклучува фотографии во папараци стил, кои воопшто не се дигитално коригирани.

Ешли Грем

Целта на кампањата „Моќта на папараците“ е охрабрување на жените да не се срамат да се соблечат на плажа и да уживаат во секој момент.

„Се разбира дека е застрашувачки да знаеш дека папараците можеби направиле фотографија која не те прикажува во добро светло, но се потсетувам себеси дека е убаво да бидеш автентичен и јас немам што да кријам кога станува збор за моето тело, затоа што знам дека тоа менува животи“ - вели 30-годишниот модел.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

Ешли минатиот месец со папараци фотографии од снимањето на кампањата ја најави колекцијата која е инспирирана од арт деко стилот од 20-тите години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21454 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.