Нови модни договори и ангажмани постојано пристигнуваат на адреса на Ешли Грем. Најпознатиот модел со облини, кој веќе неколку години ја освојува модната индустрија, ги претстави своите две најнови колекции.
29-годишната Канаѓанка гордо ги истакна препознатливите облини во колоритна кампања за својата втора капсулна колекција костими за капење во соработка со „Swimsuits For All“.
За канадскиот бренд „Addition Elle“, Грем ја создаде колекцијата долна облека „Rebel Beauty“, која ги претставува забавата и романсата на летото.
Како и секогаш, ѕвезда во кампањата беше самата Ешли.