Наоми Кембел го прескокна црвениот тепих на галата на „The Prince's Trust“, но нејзиното присуство не остана незабележано.
51-годишниот модел фасцинираше со виолетов фустан со балска силуета од модната куќа Валентино. Елегантниот изглед таа го надополни со блескав накит со дијаманти и смарагди.
„The Prince's Trust“ е организација основана од принцот Чарлс, посветена на помагање на млади лица од 11 до 30-годишна возраст кои се соочуваат со проблеми на училиште или со невработеност.