Кендис Сванапул со право е еден од најпопуларните ангели на Victoria’s Secret. Привлечната Јужноафриканка изгледа фантастично во костими за капење, а доказ за тоа се фотографиите од снимањето на новата фотосесија на познатиот бренд.
Повеќе од очигледно е дека на 27-годишната синоока манекенка не ѝ е потребен Фотошоп за да блеска низ новите каталози на VS.
Фотосесијата за новите костими за капење неколку дена се снима на егзотичниот остров Сент Бартс.