Антонија Мартинез Вилчез докажува дека стилот само се подобрува со текот на годините.
Модерната блогерка од Барселона, која чекори во седмата деценија во животот, на Instagram предлага комбинации за повозрасни дами кои не си поставуваат ограничувања во начинот на облекување. Антонија ги обожава силните бои и соработува со некои од најпознатите светски брендови како Прада, Валентино, Шанел и Џанвито Роси.