Почетна » Новости » Мода » Модната дизајнерка Кејт Спејд се самоуби

Модната дизајнерка Кејт Спејд се самоуби

Модниот свет денес се збогува со Кејт Спејд. Познатата дизајнерка си го одзеде животот на 55-годишна возраст.

Според информации до кои дојдоа странските медиуми, Спејд се обеси во својот апартман во Њујорк. Таа беше пронајдена мртва од нејзината помошничка околу 10 часот утринава заедно со проштална порака.

Кејт Спејд

Спејд ги освои срцата на модерните дами со своите елегантни чанти кои беа хит во 90-тите години, a до ден-денес се дел од стајлинзите на холивудските ѕвезди.

Кејт Спејд Кејт Спејд Кејт Спејд Кејт Спејд Кејт Спејд

Кејт и нејзиниот сопруг Енди го основаа брендот Kate Spade New York во 1993 година. Нивниот фокус најпрво беше ставен на чанти, а подоцна започнаа да креираат и облека и други модни додатоци.

Кејт Спејд

За својот придонес во модната индустрија, Спејд два пати беше наградена од Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA).

Кејт Спејд

Парот ја продаде милионската компанија во 2006 година и се дистанцира од модната индустрија. „Ми требаше пауза и навистина сакав да ја израснам ќерка ми. Го сакав тоа што го правев, но не ми недостигаше толку многу колку што очекував“ - изјави тогаш Кејт.

Пред две години, Кејт повторно се обиде да се врати во модниот свет, создавајќи го брендот Frances Valentine, кој го доби името по нејзината 13-годишна ќерка Франсис.

Кејт Спејд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.