Во Музејот на декоративна уметност во Париз предмалку се одржа ревијата на маестралниот Ели Сааб.
Либанскиот дизајнер презентираше комплексна игра со силуети која инстантно се вгнездува во срцата на дамите.
Рачно изработените креации од колекцијата есен/зима 2018 насловена „Of Forms And Light“ се рефлексија на долготраен спомен од патување во артистичната Барселона.