Патриција Пастор ги инспирира дамите над 40 години, предлагајќи им модерни комбинации.
Креативната блогерка од Шпанија, која во моментов живее во Англија, отсекогаш ја сакала модата, но пред неколку години решила да започне да ги споделува своите стајлинзи на Instagram. За својот успех таа вели: „Никогаш не ни сонував дека ќе стигнам онаму каде што сум сега“.
Пастор вели дека модните додатоци се многу важни за впечатлив изглед. „Секогаш им придавам големо значење на моите модни додатоци, затоа што мислам дека тие му даваат на стајлингот екстра впечатливост. Тие можат да бидат разликата помеѓу едноставен аутфит и аутфит кој се издвојува и привлекува погледи“ – вели таа.