Блејк Лајвли не прави модни грешки и неретко покажува дека поседува неверојатно чувство за стил, со што си го оправдува своето место на листите со најдобро облечени дами во Холивуд.
Убавата актерка магнетски привлекува погледи каде и да се појави, па сосем разбирливо е што на нејзина адреса постојано пристигнуваат позитивни критики во однос на стилот.
Славната мајка на две деца и за време на своите бремености не направи пропуст во своите модни избори.
Харизматичната сопруга на Рајан Рејнолдс денес ќе го прослави својот 30. роденден, па по тој повод, потсетете се на нејзините највпечатливи стилски моменти.