Сара Елис и Филипа Блум се страсни љубителки на модата. Двете другарки од Лондон водат заеднички блог „We Are Twinset“ каде ги споделуваат своите модни совети и комбинации.
Нивните стилски приказни досега ги следат над 200.000 лица на Instagram.
„Нашиот блог е дестинација каде можете да најдете совети за тоа што да купувате, каде да купувате и како да ја носите облеката за дневни и вечерни излегувања“ – пишуваат Сара и Филипа, кои создаваат стајлинзи од исти модни парчиња во различни варијации.