Згодните средовечни мажи се сè популарни не само на социјалните мрежи, туку и на модните писти. Не се ретки дизајнерите кои ангажираат модели кои чекорат и низ шестата деценија од својот живот само за да ги променат перцепциите на луѓето за стареењето.
Следнава листа е од фит мажи кои се во своите 40-ти, 50-ти, 60-ти, па дури и 80-ти години, а кои не дозволуваат возраста да им се одрази на изгледот.
Ерик Радерфорд, 49 години
Радерфорд е модел и уредник на списанието „At Large“.
Фелипе Дима, 60 години
Дима стана модел на 45 години откако одлучи да ја порасне својата брада, што му го донесе првиот моден ангажман.
Гилермо Запата, 49 години
Џанлука Ваки, 49 години
Џанлука Ваки е италијански бизнисмен кој го освои интернетот со своите танцувачки вештини. Згодниот милионер на Instagram го следат повеќе од 8 милиони корисници, кои тој редовно ги изненадува со видеа во кои танцува со својата 31-годишна сопруга.
Бред В.
Ентони Варекија, 53 години
Варекија е еден од најпопуларните повозрасни машки модели благодарение на неговото мускулесто тело.