Викторија Лоба стана заштитно лице на City Fashion Woman.
30-годишната пејачка сними рекламна кампања за женската мултибренд продавница, која се наоѓа во City Mall во Скопје.
На фотографиите, Лоба позира во креации од италијанската дизајнерка Елизабета Франки и обувки од Мајкл Корс, додека елегантните чанти доаѓаат од брендот Фурла.
City fashion Woman е мултибренд продавница каде можете да најдете атрактивни дизајнерски парчиња од брендови како Michael Kors, Furla, Karl Lagerfeld, Emporio Armani, Armani exchange, Joop, Fracomina и Versace Jeans.