За колекцијата ресорт 2018, Памела Роланд пронајде инспирација во градината на својот дом во Мичиген.
Деликатни везови, цветни принтови, омбре ефект... класичните силуети се надополнети со модерен шмек.
Со оглед на нејзината репутација, лесно е да се претскаже дека елегантните креации наскоро ќе започнат да се редат на холивудските свечености.