Нежност и женственост царуваат во новата ресорт колекција на Жорж Хобеика.
Либанскиот дизајнер во темелите на својата инспирација го постави концептот за современа елеганција, додека со декорациите на вечерните фустани отслика тропска флора и фауна.
Силуетите се избрани за да ја акцентираат женската фигура, а луксузните материјали да гарантираат грациозност во движењето.