Кога Џиџи Хадид ја доби улогата на водителка на доделувањето на Американските музички награди (АМА), таа си постави мисија да остави силен впечаток. Во рамките на само неколку часа, привлечната девојка промени шест различни креации.
На црвениот тепих пред почетокот на манифестацијата, Џиџи зачекори во бел проѕирен фустан во бохо стил од модната куќа Roberto Cavalli.
Самата свеченост, славниот модел ја отвори со впечатлив црвен фустан со асиметричен крој од високата мода на италијанскиот бренд Versace.
Потоа, таа се пресоблече во креација со сако со декорации од Julien Macdonald.
Својот моден маратон Џиџи го продолжи со тесен фустан со боја на кожата повторно од Julien Macdonald и црн фустан со висок централен шлиц од Nicolas Jebran.
На сцената во Лос Анџелес таа се појави и во проѕирен блескав комбинезон во спортски стил од Versace.