Кејт Бекинсејл интензивно го промовира својот најнов филм „The Only Living Boy in New York“. Во изминатава недела, 44-годишната актерка присуствуваше на неколку настани и гостуваше во повеќе телевизиски емисии.
Холивудската ѕвезда привлекуваше внимание со стилски изданија.
За своето гостување во емисијата „Live with Kelly & Ryan“, Бекинсејл шармираше во бела комбинација со црни детали.
Во рамките на еден ден, Бекинсејл блесна во три модни комбинации. Најпрво беше фотографирана пред својот хотел во црн комбинезон од високата мода на Жорж Чакра.
За премиерата на филмот во Њујорк, Кејт избра црн фустан со чипка од Рим Акра.
На забава по прикажувањето на филмот, убавата филмска ѕвезда се појави во фустан од колекцијата ресорт на Маркеза и сандали од Џузепе Ѕаноти.
Во шоуто на Џејмс Корден, таа носеше во црно-бел фустан од есенската колекција на Ермано Сервињо.
Пред својот хотел, славната актерка беше фотографирана во цветен фустан и шик розова комбинација.
Бекинсејл присуствуваше и на пресконференција во Големото јаболко.