Не сте многу прецизни при нанесувањето на лак за нокти? Nails Inc. нуди нов производ за експресен „мрзелив“ маникир.
Станува збор за спреј за нокти. Иако користењето на спрејот е малку хаотично и добар дел од рацете се обојуваат, поради специфичната формула, спрејот лесно се отстранува од кожата со топла вода и сапун или влажни марамчиња, но останува на ноктите.
Спрејот можете да го нанесете врз проѕирен лак кој служи како основа или врз веќе налакирани нокти доколку сакате да им ја промените бојата. Прскате, чекате 20-ина секунди и за крај ги миете рацете.
Па, моден изум кој вреди да се проба или новитет кој со задоволство ќе го прескокнете?